Истанбул е Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја,
уметност, храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира
ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате
да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него. Градот
отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата
и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите
различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното. Многумина
го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу
Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни
рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе алва
во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се
спојуваат во едно. Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот
беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
ПРВ ДЕН (18.04.2025) Петок
Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од
Скопје. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности,
презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците
во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во
спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата
ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното
време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според
датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за
конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.
ВТОР ДЕН (19.04.2025) Сабота
Пристигнување на групата во Истанбул
Групата
се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во
просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во
хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се
делат клучевите од хотелските соби.
Check in во хотелот е после 14:00 часот
По
самото пристигнување групата заедно со туристичкиот придружник го
започнува своето патување,oдносно се уплатуваат на пешачка тура, која
вклучува посета на Капали Чаршија, Аја Софија и Сината Џамија.
(влегувањето во џамиите е индивидуално)
Балат
Балат важи за
една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат
многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од
македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.
По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Таксим Плоштадот
Турата
завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар на градот,на
кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува
познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална
можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.
ТРЕТ ДЕН (20.04.2025) НеделаКрстарење по Босфор
90
минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување, еден поинаков
Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и
познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали
дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај
морето.
Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често
посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на
турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на
Босфорскиот мост, во азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да
ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.
Палатата Ќучуксу
Павилјонот
Ќучуксу е летна палата во Истанбул, која ја користеле османлиските
султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов. Сместена во
населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата
палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.
Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и
службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со
високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо
со една порта на секоја од четирите страни. Во почетокот на
републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен
пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена
за јавноста како музеј.
Кадиќој
Кадиќој е една од
најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската
страна од градот, на брегот на Мраморно Море. Денеска, овде се наоѓаат
едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот. Претсавува
живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените
улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye,
која е полна со шарени кафулиња и продавници. Можете да пробате одлични
баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за
одлично кафе.
Чамлиџа-џамија
Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии во Истанбул.
Пауза за уживање и фотографирање.
Враќање кон хотел.
Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН(21.04.2025) Понеделник
По
појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за
слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми,
баклави, чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други
традиционални слатки.
Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.
Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.
Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.
Кој не би сакал шопинг?
Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.
По шопингот, поаѓање кон Македонија.
Што е вклучено во цената
Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз, Лиценциран придружник
Лиценциран туристички водич
Посета на Капали Чаршија
Туристичка такса
Посета на турската продавница „КОСКА”
Шопинг во „Аутлет 212“ Центарот
Што не е вклучено во цената
Патничко осигурување
Факултативни излети
Индивидуални трошкови
Важно
Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на
влез и излез од Р. Турција.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се
пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од
аранжманот поради вториот кревет.
Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со
родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се
придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на
аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од
моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на
агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (во исклучителни случаеви и
преку Република Бугарија) до Турција
Балат и Таксим Плоштад (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА) - 25е
Цена за пакет: 25e
-Балат
важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се
сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е
изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније
Зоографски.
-Tаксим. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат
главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал
улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истакал се наоѓаат
познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална
можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.
Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Палата Ќучуксу, Кадикој, Чамлиџа Џамија - 85е
Цена за пакет: 85e
-Крстарење
90
минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков
Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и
познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали
дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај
морето.
-Бејлербеи,
Оваа историска знаменитост е често
посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на
турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на
Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да
ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.
-Палатата Ќучуксу,
Павилјонот
Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските
султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.
-Кадиќој
Кадиќој е една
од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската
страна од градот, на брегот на Мраморно Море.
Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.
Претсавува
живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените
улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.
Општи
напомени:
- Организатор
на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
- Резервација
се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна
уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на
аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс
1 евро = 62 мкд;
- За реализација
на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
- За ова
патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по
завршувањето на аранжманот;
- Организаторот
го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на
промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на
недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да
го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на
истиот;
- Организаторот
го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во
случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на
разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на
внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен
ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
- Организаторот
го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот
на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во
случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница,
доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од
локалитетите предвиден за посета и сл.