ПАРИЗ
5 дена/4 ноќевања
Париз - градот на
Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе,
музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта,
кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која
нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр - сликарската „Мека“,
Пигал - најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град
на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои
во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат
парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу
светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен.
Проверете зошто е тоа така...
ПРОГРАМА
1 ден ( сабота) | Скопје - Париз
Состанок
на групата на скопскиот аеродром во 07:35 часот. Полетување кон Париз во 09:35
часот со директен лет. Пристигнување на аеродромот Oрли (Orly) во 12:30 часот.
По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел.Краток
одмор и прва прошетка низ Париз со претставникот од агенцијата.Ноќевање.
2 ден ( недела) | Версај - Париз
Појадок во хотел. По појадокот предлагаме
факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од
францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек - дело на уметноста од 17-ти
век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km).
Во попладневните часови следува
разглед на градот со локален водич (пешки или со метро) ...Нотр Дам, бизнис
центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот
Mouline Rouge.Слободно време, индивидуално враќање назад во хотел.Ноќевање.
3 ден (понеделник) | Лувр - Ајфелова Кула -
Крстарење по Сена
Појадок во хотел. По појадокот можност за
факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр,кој 700 години
бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Овде
се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.Во
попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во
неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско
издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со
времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна
преспектива. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со
метро. Ноќевање.
4 ден (вторник) | Париз - Дизниленд
Појадок во хотел.По појадокот можност за целодневна посета на Дизниленд ,
најпознатиот забавен парк за деца и возрасни.Располага со два забавни дела Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк но и
со шопинг зона со голем број на ресторани, кафулиња, бутици ... Или слободен
ден за индивидулани прошетки во Париз. Ноќевање.
5 ден (среда) | Париз - Скопје
Рано одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродром. Полетување
кон Скопје во 06:05 часот со директен лет. Слетување во Скопје во 08:45 часот.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Директен лет на релација Скопје - Париз - Скопје со
авикомпанијата Easy Jet на аеродромот Orly;
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба од (max. 45 x 36 x 20cm) ;
- Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
- Сместување во хотел 3*, на услуга BB;
- Организирани прошетки според програматa;
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот НЕ е
вклучено:
- Туристичка такса 5.2 € по
лице на ноќ - се плаќа во агенција;
- Патничко осигурување;
- Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро
ФАКУЛТАТИВИ
- Пешачки разглед со локален водич - 20 €;
- Посета на Версај - 80 € / 55€ за деца до 17,99 со вклучена влезница за дворецот
(градините не се вклучени во цената), локален водич, трансфер,
задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;
- Влезница за Ајфелова Кула (на лице
место) до втор кат - 28 €, до трет кат - 38 € (со лифт); ( цените се од информативен карактер, уплата на лице место )
- Крстарење со брод по Сена - 25 €;
- Посета на Лувр - 65 € / 35€ за деца до 17,99 (вклучена влезница+ пратител на групата,
задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
- Доплата за еднокреветна соба
190€
- Дизниленд (цена во моментот на резервација)
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ - 175 €
Задолжително
пријавување за факултативите во агенција и за реализација минимум 14 патника.
Општи напомени:
- Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
- Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на
аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на
истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска
противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20
патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум
90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на
аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот
го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот
на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на
факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на
локалитетите и музеите;
- За време на панорамски разглед на градот не се предвидени
посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни
споменици;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на
реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на
програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како
на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот,
затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за
патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС