Париз - градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр - сликарската „Мека“, Пигал - најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така...
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 499 €
1 ден | Скопје - Париз
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 07:25 часот. Полетување кон Париз во 09:25 часот со директен лет на авиокомпанијата EasyJet.
Пристигнување на аеродромот Orly во 12:20 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел.
Сместување во хотел.
Во попладневните часови , следува разглед на градот со локален водич, шетање по прекрасните Париски улици и градби (пеш или со метро) Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge ...Враќање назад во хотел.Ноќевање.
2 ден | Версај - Крстарење по Сена
Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек - дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините).
Враќање назад кон Париз (15 km). По завршување на посетата на Версај, следува крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива.
Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
3 ден | Лувр - Ајфелова Кула
Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр, кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.
Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула (индивидуално) и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
4 ден | Париз - Скопје
Ран појадок во хотел или ланч пакет и одјавување. Организиран трансфер до аеродромот Оrly. Полетување кон Скопје во 06:20 часот со директен лет на авиокомпанијата EasyJet. Слетување во Скопје во 08:25 часот.
Во цената на аранжманот е вклучено:
-
Директен лет на релација Скопје - Париз - Скопје со авикомпанијата Easy Jet;
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
- Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
- Сместување во хотел 3*, на услуга BB;
- Организирани прошетки според програматa;
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
-
Туристичка такса 5 € по лице на ноќ - се плаќа во хотел;
- Доплата за еднокреветна соба 156 Еур.
- Патничко осигурување;
- Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро
ФАКУЛТАТИВИ
- Пешачки разглед со локален водич - 20 €;
- Посета на Версај - 80 € возрасен / 55€ за деца до 17,99 со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич, трансфер ;
- Крстарење со брод по Сена - 25 €;
- Посета на Лувр - 65 € возрасен / 35€ за деца до 17,99 (вклучена влезница+ пратител на групата, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
- Влезница за Ајфелова Кула (на лице место) индивидуално – информативни цени - до втор кат - 28 €, до трет кат - 40 € (со лифт);
Задолжително пријавување на најмалку две факултативи - пријавувањето е при правење на резервација
Општи напомени:
-
Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
- Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС