ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 199 ЕВРА
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
1 ден (06.03.2025 - четврток) СКОПЈЕ – СРБИЈА – УНГАРИЈА-СЛОВАЧКА
Состанок
на договорено место во Скопје во 11:00, тргнување кон Прага во 11:30 ч. Патување
преку Србија, Унгарија и Австрија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и
царински формалности.
2 ден (07.03.2025 – петок) - ПРАГА
Пристигнување
во Прага во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич
(факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на
Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот
плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа,
Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито,
Златната улица Сместување во хотел. Слободно време за одмор или можност за
посета на пивница... Ноќевање.
3 ден (08.03.2025 – сабота) ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА
Појадок.
Целодневен факултативен излет за Дрезден. Во
Дрезден ќе ги видете следниве атракции:
Операта Земпер, Палатата Цвингер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска
црква, Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, Августовиот музеј
Враќање од Дрезден кон Прага. Ноќевање.
4 ден (09.03.2025– недела) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА
Појадок.
После појадокот, факултативно заминување за Карлови
Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место
на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да
се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и
производи со лековити својства од Карлови Вари. Во попладневните часови Крстарење
по Влтава (факултативно), ќе имате можност да ги видете прашките
мостови и прекрасната архитектура од двете страни на Влтава. Ноќевање.
5 ден (10.03.2025– понеделник) ПРАГА – ВИЕНА – УНГАРИЈА
Појадок
во хотел. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена во
08:00ч. Пристигнување во Виена па следи слободно време за разглед на
централниот дел од градот Стефан Плац, катедралата Св.Стефан.. Во договорено
време се упатуваме кон OUTLET
SHOPPING CENTAR PARNDORF.Кратка пауза и поаѓање кон Македонија. Ноќно
возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности.
6 ден (11.03.2025 – втроник ) СРБИЈА – СКОПЈЕ
Патување
низ Србија и пристигнување во Македонија во утринските часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е
ВКЛУЧЕНО:
· Превоз со
туристички автобус на дадените дестинации,
· Сместување во двокреветни соби во хотел OLYMPIK CONGRESS 4* www.olympik.cz во Прага – 3
ноќевања со појадок,
· Придружник од агенцијата за време на патувањето
· Посета на Виена
· Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTAR PARNDORF
· Организација и реализација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ
Е ВКЛУЧЕНО:
· Панорамски разглед на Прага со локален водич – 20 €
· Крстарење по Влтава – 20€,
· Посета на Карлови Вари со придружник од
агенцијата - 40€,
· Целодневна посета на Дрезден - 50€,
· Посета на национален чешки ресторан - пивница - 40€,
· Туристичка такса 3 евра на ден, се плаќа во агенција
· Патничко осигурување.
· Влезници во објекти
Доплата за еднокреветна соба 75 €
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
·
Организатор на
аранжманот е ТА АтлантиС
·
Резервација се
прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
·
Целосна уплата на
аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
·
Цените на
аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1
евро = 62 мкд
·
За реализација на
аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
·
За ова патување
мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на
аранжманот
·
Организаторот го
задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот
или хотелот
·
Во случај на
недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го
откаже во целост аранжманот 5 дена
пред датумот на започнување на истиот
·
Организаторот го
задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на
промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
·
За време на
разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на
внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако
тоа не е посебно нагласено во програмата.
·
Организаторт го
задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
·
Организаторот на
патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај
на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на
летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за
посета и сл.
За оваа програма важат општите услови за
патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС